Фудбалерите на Мајорка славеа со 2-1 на гостувањето кај Еибар во рамки на 27 коло од Ла Лига. Ова е прва гостинска победа сезонава за клубот со што Мајорка ја прекина низата од 12 гостински меча без триумф.
Мајорка прва поведе, во 42 минута со голот на Родригез, а во 78 минута предноста беше дуплирана. Стрелец Кубо.
Голот надеж за домаќините беше дело на Бигаз во 91 минута. Сепак победата отиде за гостите.
Мајорка ја оствари седмата победа, многу важна против директен конкурент во борбата за опстанок. Сега Мајорка има 25 бода, исто колку и Селта, додека Еибар останува 16-ти со 27 освоени бода.