Црногорците се мајстори во изнаоѓање итри решенија кога треба да се спасат од работа, така барем кажуваат легендарните шеги…
Но, дека во шегите има и вистина, покажа економот на фудбалскиот второлигаш Ибар од Цетиње. Ибар во неделата со 1-0 го победи Езеро, но фудбалот не е причина за оваа приказна.
Имано, пред почетокот на натпреварот, кога требаше да се постават корнер-знаменцата, економот на клубот ова го одработи на оригинален начин.
Со црвено „фиќо“ тој возеше околу теренот за да ги постави знаменцата.