Top Sport

Мајстор за слободни удари – Жунињо Пернамбукано

Поранешниот бразилски фудбалер Жунињо Пернамбукано, според изборот на „SPORTbible“ е најдобриот изведувач на слободни удари во историјата на фудбалот. Жунињо, во кариерата која ја заврши во 2013 година, од слободни удари постигнал 75 голови.

Покрај Жунињо, мајстори на слободните удари се и Дејвид Бекам, Синиша Михајловиќ, Андреа Пирло и Лионел Меси.

„SPORTbible“, смте дека преценети се способностите на Кристијано Роналдо и Роберто Карлос. Португалецот, најмногу голови од слободен удар постигнал на почетокот од кариерата, во Манчестер јунајтед, додека за Роберто Карлос се вели дека иако го постигнал оној легендарен гол против Франција, неговите удари најчесто завршувале во живиот ѕид на противниците.

Покрај овие двајца како преценети порталот ги означил и Вејн Руби, односно Стивен Џерард.

Во последната категорија, „потценети“ се Хуан Мата, Себастијан Ларсон Роналдињо и Тиери Анри.

Scroll to Top