Top Sport

Мајсторски гол на Гомис (Видео)

Шампионите на Јужна Америка, фудбалрите на Фламенго, во полу-финалето на Светското клупско првенство за противник ќе го имаат тимот на Ал Хилал.

Екипата од Саудиска Арабија во четврт-финалето успеа да го совлада Есперанс од Тунис со 1:0.

Решавачкиот момент на мечот се случи во 73 минута, кога со прекрасна индивидуална акција голманот на Есперанс го совлада Батефенби Гомис.

Во финишот на мечот Ал Хилал останаа со играч помалку но резултатот на семафорот остана 1:0.

https://twitter.com/Ahmed__Wagih1/status/1205874134053523456

Scroll to Top