Top Sport

Македонецот Секулов доби подарок од Роналдо

Никола Секулов член на У-19 тимот на Јувентус дома го однесе дресот во кој Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио.

Португалецот го совлада Страхоша во 51 минута од пенал и во 54 минута и го донесе Јувентус на чекор до шампионската титула.

По мечот Роналдо му го подарил својот дрес на Секулов, имале краток разговор, а младиот фудбалер својата неизмерна среќа ја споделил на социјалните мрежи.

Секулов има македонско потекло, роден е во Пјаченца на 18 февруари 2002 година. Има настапи за У-15 и У-16 репрезентации на Македонија, а потоа се решил да игра за Италија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');