Top Sport

Македонија 77. на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за две позици на ранг-листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Македонија на листата што ФИФА ја објави денес се наоѓа на 77.место.

Македонските фудбалери ремизираа во двете пријателски средби што ги одиграа минатиот месец. Во Турција, избраниците на Игор Ангеловски одиграа 0:0 со Финска и 1:1 со Азербејџан.

Македонија има мајдобар рејтинг од репрезентациите со кои од септември ќе се натпреварува во Лигата на нации на УЕФА.

Ерменија е на 98.место, Лихтенштајн на 181. и Гибралтар на 196.позиција.

Од селекциите кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија најдобро котира Хрватска. „Коцкестите“ бележат пад од три места и се на 18.место, потоа следуваат Србија (35), Босна и Херцеговина (41), Црна Гора (43), Словенија (63) и Косово (152).

Во Топ 10 на листата се Германија, Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.

фото: ffm.mk

Scroll to Top