Македонската фудбалска репрезентација, во изминатиот период не одигра ниту еден натпревар, но успеа да направи прогрес на ранг-листата на Меѓународната фудбалска федерација. ФИФА, во пресрет на Светското првеснтво ја објави најновата ранг-листа, на која Македонија се наоѓа на 71.место.
Фудбалската репрезентација на Македонија, благодарение на резултатите, што изминатиот месец го постигнаа другите селекции што беа блиску до „црвено-жолтите“ на табелата, забележа скок од шест позиции.
Овој е најдобар пласман на националниот тим во последните девет години. На 11.јули 2009 година, Македонија на ФИФА листата се наоѓала на 65.позиција.
На врвот, во Топ 10 има само една промена, Шпанија падна за две места и сега е десетта репрезентација во светот, додека Полска скокна за две места и се наоѓа на осмата позиција.
Македонија има најдобра рејтинг од репрезентациите што ќе и бидат противници во групата 4, во Лигата на нации: Ерменија е на 100.место, Лихтенштајн на 185. и Гибралтар на 195.позиција.
ФИФА листа, Топ 10: Германија, Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле, Шпанија.
foto: ffm.mk