Македонската репрезентација до 18 години славеше со минимални 1:0 во вториот пријателски меч со турската репрезентација на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Победата за Македонија ја запечати Енис Фазлагиќ со гол во 64. минута по нафрлање од корнер. Тимот на селекторот Добринко Илиевски го контролираше мечот од почетокот до крајот на мечот. Во првата контрола, Турција победи со 2:1.
Македонија до 18 години: 1. Методија Велковски, 2. Адријан Хајдари, 3. Филип Антовски, 4. Стефан Симоновски, 6. Анес Османоски, 7. Алтин Сефо, 8. Томче Гроздановски, 9. Бојан Колевски, 10. Енис Фазлагиќ, 11. Марко Ѓорѓиевски, 15. Џејми Перчевски; Селектор: Добринко Илиевски;
12.Давид Денковски, 5. Стефан Наумчески, 13. Борјан Пановски, 14. Марио Наумоски, 16. Енсар Љума, 17. Јакуп Бериша, 18. Лука Трајкоски;
Фото: ФФМ