Селекторот Вујадин Станојковиќ го објави списокот на македонската репрезентација до 19 години, кој од 8 до 14 ноември во Скопје ќе ги игра квалификациите за УЕФА елитната рунда за Европското првенство.
Македонија е во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн, а домашниот терен покрај одличниот тим треба да биде мотив повеќе за квалификување. Во нашиот состав од 24 фудбалери дури 11 се интернационалци, предводени од Елиф Елмас (Фенербахче), Дарко Чурлинов (Келн) и Димитар Митровски (Спортинг).
На 8 ноември турнирот го отвораме против Швајцарија со почеток во 13:00 часот, во истиот термин на 11. ноември играме со Белгија, а последниот дуел на 14 ноември исто така во 13:00 часот го играме против Лихтенштајн.
МАКЕДОНИЈА У-19
Голмани: Христијан СТЕВКОВСКИ (Скопје), Благојче ИВАНОВ (Силекс), Методија ВЕЛКОВСКИ (Вардар);
Одбрана: Агрон РУФАТИ (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио МИТРЕВ (Балзан, Малта), Филип АНТОВСКИ (Вардар), Тодор ТОДОРОСКИ (Вардар), Филип ТРАЈАНОВСКИ (Хакен, Шведска), Кирил РИСТОВСКИ (Борец), Оливер СТОИМЕНОВСКИ (Карабах, Азербејџан);
Среден ред: Марко ФЕРУКОСКИ (Офенбах, Германија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Јани АТАНАСОВ (Академија ПАНДЕВ), Енис ФАЗЛАГИЌ (Шкендија), Стефан БОГДАНОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Дарко ЧУРЛИНОВ (Келн, Германија), Елиф ЕЛМАС (Фенербахче, Турција), Миле ТОДОРОВ (Работнички), Филип СТОЈЧЕВСКИ (Вардар);
Напад: Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Славија Прага, Чешка), Бојан МИОВСКИ (Карабах, Азербејџан), Бојан КОЛЕВСКИ (Вардар).