Top Sport

Македонија во петтиот шешир, Германија не е меѓу носителите

Ждрепката со која ќе бидат одредени квалификациските групи за пласман на ЕУРО 2020 ќе се одржи в недела во Даблин. Изненадување е што Германија нема да има статус на носител, бидејќи Полска синоќа одигра 1:1 во Португалија. Интересно е што ждрепката може да донесе група составена само од репрезентациите од просторите на поранешна Југославија.

Македонија противниците во групата ќе ги чека од петтиот шешир, во кој уште се и Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски острови.

Состав на шеширите пред ждрепката во Даблин:

1. Португалија, Швајцарија, Холандија, Англија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Хрватска, Полска

2. Германија, Исланд, Босна и Херцеговина, Украина, Данска, Шведска, Русија, Австрија, Велс, Чешка

3. Словачка, Турција, Ирска, Северна Ирска, Шкотска, Норвешка, Србија, Финска, Бугарија, Израел

4. Унгарија, Романија, Грција, Албанија, Црна Гора, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Грузија

5. Македонија, Косово, Белорусија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски острови
6. Летонија, Лихтенштајн, Андора, Малта, Сан Марино

Ќе бидат формирани десет групи, пет со по пет репрезентации и пет со по шест репрезентации, а првите две од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕУРО 2020. Останатите четири тима ќе бидат селекциите што ќе ги освојат своите дивизии во Лигата на Нации.

Македонија во квалификациите за ЕП може да добие „југословенска“ група

Scroll to Top