Аргентинецот Макси Родригез стави крај на фудбалската кариера. Одлуката ја соопшти со видео-порака на социјалните мрежи.
41-годишниот фудбалер кариерата ја започна и заврши во Њуелс Одл Бојс. Најдлабока трага остави во Атлетико Мадрид (2005-2010, 156 натпревари, 44 голови), беше капитен на „јорганџиите“ по заминувањето на Фернандо Торес во Ливерпул.
Во Европа играл за Еспањол и Ливерпул, две години настапувал за Пењарол во Уругвај.
Девет години, од 2003 до 2014 играл за Аргетнина. Настапил на 57 натпревари, постигнал 14 голови, два од нив на Мундијалот во Германија во 2006 година.