Top Sport

Максимир привремено е вон употреба

Стадионот „Максимир“, домот на најтрофејниот хрватски клуб Динамо не ги исполнува условите за одигрување на фудбалски натпревари. Градежната инспекција оценила дека стадионот „привремено треба да биде надвор од употреба“.

Силниот земјотрес што го погоди Загреб на 22 март отштетил 26.000 објекти меѓу кои и стадионот на Динамо.

Стадионот со години е во катастрофална состојба но тами и понатаму Динамо ги игра своите натпревари, а најчесто и Хрватска е домаќин на овој спортски објект.

Не се знае кога жолтитте ленти ќе бидат тргнати, односно каква ќе биде препораката на градежната инспекција и стручните служби.

Стадионот „Максимир“ во Хрватска е отворен на 5 мај 1912 година, досега низ историјата бил два пати реновиран во 1948 и 1998 година.

Scroll to Top