Top Sport

„Максимир“, трет најгрд стадион во Европа

Домот на фудбалерите на Динамо Загреб, „Максимир“, е прогласен за трет најгрд во Европа.

Според истражувањето на агенцијата „Money“ врз основа на прегледи на платформи како „Google“, „TripAdvisor“ и „Football Ground“, стадионот во Загреб го заслужил местото во самиот врв, во оваа неславна категорија.

Стадионот во главниот град на Хрватска официјално може да прими 24.851 гледач, а по земјотресот во Загреб неговата источна трибина беше затворена и е неупотреблива, пренесува „Индекс“.

На прво место е стадионот „Карло Кастелани“, каде Емполи ги игра натпреварите во италијанската Серија А. Капацитетот на овој стадион е 16.800 седишта, а трибините се целосно одвоени и доста оддалечени од теренот поради атлетската патека.

Вториот најгрд стадион е „Балаидос“, каде Селта Виго ги игра своите натпревари во Ла Лига. Шпанскиот го реновира стадионот, изгради целосно нови трибини. Источната е готова, додека допрва ќе се догради западната трибина.

Меѓу петте најгрди се и „Кралот Бодуен“ во Брисел, со капацитет од 50.000 гледачи и стадионот „Колосеум Алфонсо Перез“ во Мадрид каде игра Хетафе.

Пет најгрди стадиони:

1. Карло Кастелани (Емполи, Италија)
2. Балаидос (Селта Виго, Шпанија)
3. Максимир (Динамо, Хрватска)
4. Кралот Баудоен (Брисел, Белгија)
5. Колосеум Алфонсо Перез (Хетафе, Шпанија)

Scroll to Top