Top Sport

Мала утеха за Де Брујне, Премиерлигата го прогласи за најдобар сезонава

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне е прогласен за најдобар играч сезонава во Премиерлигата, објавија денеска. Белгиевот го победи триото од Ливерпул, Џордан Хендерсон, Садио Мане и Александер Арнолд.

Ова признание за белгискиот фудбалер од средниот ред е мала утеха откако неговата екипа како втора заврши во Премиерлигата, а синоќа од Лион беше елиминирана во четвртфиналето на ЛШ.

Де Брујне индивидуално имаше најпродуктивна сезона од доаѓањето на „Итихад“ пред 5 години. Имаше учинок од 20 асистенции и 13 гола.

Вкупно, во сите натпреварувања, тој постигна 16 гола и имаше 23 асистенции на 48 меча за „граѓаните“.

Scroll to Top