Top Sport

Малдини и Масара остануваат во Милан, сега следува „шопингот“

Паоло Малдини и Рики Масара го продолжиле својот договор со Милан, неколку часа пред тој да истече вчера навечер, и сега, конечно, италијанскиот шампион ќе може да се фокусира на пазарот на играчи, објавува „Кориере дело спорт“.

Според изворите на весникот, потписот буквално пристигнал во последна минута во седиштето на Милан, откако Малдини и Масара ја прифатиле последната подобрена понуда на клубот. Тие додаваат дека легендата на клубот, Малдини, не ја добил својата посакувана моќ за одредување на засилувањата на договорот, но дека сепак, добил пристоен договор со кој ќе одговара пред генералниот директор Иван Газидис.

Првата цел на Милан, холандскиот дефанзивец Свен Ботман веќе им „избега“ по подобрата понуда од Њукасл, но „росонерите“ се поврзуваа и со Марко Асенсио од Реал Мадрид, Хаким Зијеш од Челси и дури, помалку сензационално, Пауло Дибала.

Scroll to Top