По заминувањето на Леонардо од Милан, легендата на клубот, Паоло Малдини ќе биде главен за доаѓање и одење од клубот. Првата задача ќе му биде да го именува новиот тренер на Росонерите, Марко Џампаоло (51), тренерот кој во сезонава што заврши седеше на клупата на Сампдорија.
Италијанските медиуми објавуваат дека Малдини од сопственикот на Милан добил „одврзани раце“ да створи моќен клуб по негов вкус. Малдини од спортски директор напредуваше на позиција технички директор, па пред него ќе биде само генералниот директор на клубт, Иван Газидис, кој неодамна стигна во Милано од Арсенал.
Газидис е човек од доверба на газдата на Милан и мора финансиски да го стабилизира клубот, а на Малдини му остануваат задолженијата поврзани со фудбалерите.
Медиумите на Чизмата објавија дека првата задача на Малдини е завршена – договори нов тренер на клубот. Се работи за Џампаоло кој, според сеуште неофицијалните информации, потпишал тригодишен договор вреден 2 милиони евра по сезона.
Во Италија Џампаоло важи за почитуван тренер кој никогаш нема добиено шанса да води голем клуб. Ги предводеше Асколи, Калјари, Сиена, Чезена, Бреша, Кремонезе и Емполи пред да ја преземе Сампдорија во 2016 година.