Легендата на Милан, Паоло Малдини има понуда да работи во Пари Сен-Жермен и во италијанската репрезентација откако доби отказ од позицијата технички директор на „росонерите“ на крајот на сезоната, тврди „Скај спорт Италија“.
Сопственикот на Милан, Џери Кардинале го отпушти Малдини и неговиот соработник Фредерик „Рики“ Масара веднаш по последниот меч од сезоната против Верона, наводно обвинувајќи го дека играчите кои ги донел не биле доволно вредни на пазарот пред преодниот рок. Милан потоа го продаде Сандро Тонали на Њукасл за рекордни за Италија, 70 милиони евра.
Според „Скај спортс“, Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) му понудила работа на 55-годишниот Малдини, иако не е јасно на која позиција, додека ПСЖ, кои неодамна го ангажираа Луис Енрике како тренер, би сакале тој да стане директор во клубот и да соработува со спортскиот директор Луис Кампос.
#Calciomercato | Proposte da #PSG e #Nazionale per #Maldini https://t.co/fjGKwa2oUt
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 24, 2023