Top Sport

Малдини преговара со Тео Ернандез на Ибица

Директорот на Милан, Паоло Малдини беше „фатен“ на состанок со левиот бек на Реал Мадрид, Тео Ернандез на Ибица во неделата.

Шпанскиот портал „Ел чирингито“ ја објави фотографијата на популарното место за одмор на Балеарските Острови, на кое Малдини го објаснува новиот проект на „росонерите“ на Французинот.

По ова веднаш се јави „Калчомеркато“, кои тврдат дека Реал Мадрид се подготвени за опција со позајмување на Ернандез за сума од околу 18-20 милиони евра. Ова не е првпат 21-годишниот дефанзивец да се поврзува со Ернандез, а Милан има добра политика на соработка со „кралскиот клуб“, кој му ги нуди и Дани Себалјос и Борха Мајорал со сличен договор.

Scroll to Top