Директорот на Милан, Паоло Малдини по продолжувањето на договорот на тренерот Стефано Пиоли изјави дека очекува тој да го продолжи патот за обнова на седумкратниот европски шампион.
Пиоли утрово потпиша нов договор за уште една сезона со дополнителна опција за уште една сезона.
„Сакам да бидам амбициозен и да изградам нешто важно по победата во Мадрид. Страствен сум за фудбалот, учам и се обидувам моите идеи да стигнат до фудбалерите“, изјави Пиоли.
За Малдини Милан мора да оди чекор по чекор.
„Пресреќен сум што продолжуваме пат кој започна повеќе од една година и кој носи резултати на теренот и во плановите за иднината. Целта е јасна, да се изгради тим кој може да се натпреварува со најдобрите секоја сезона. Знаеме дека следат и потешки денови од сега, но има емпатија во тимот и може да се надминат сите проблеми“, објасни Малдини.