Top Sport

Малдини: Златан сам ќе одлучи за нов договор

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини вели дека продолжувањето на договорот со Златан Ибрахимовиќ зависи само од шведскиот ветеран по шпекулациите дека тој сака да остане кај „росонерите“.

Ибра има 14 гола во 11 настапи во Серија А предводејќи ги на врвот на табелата. Кога вчера постигна два гола при 4:0 победата над Кротоне, за да стигне до 500. и 501. клупски гол во кариерата, италијанските медиуми тврдеа дека прати порака до Малдини и шефовите дека сака едногодишен, а можеби и двегодишен договор и покрај неговите 39 години.

Покрај Ибрахимовиќ на крајот на сезоната без договор се и Џиџио Донарума и Хакан Чалханоглу.

„Го имаме еден од најмладите тимови во Европа и потребен ни е лидер како Ибрахимовиќ. Се обидовме да го донесеме уште во 2018 кога играше за Лос Анџелес галакси. Ни кажа дека продолжувањето на договорот зависи од неговото тело, но ако продолжи вака, не гледам зошто би сопрел. Имаме тројца фудбалери чии договори истекуваат и работиме со тројцата. Мислам дека наскоро ќе имаме договор“, вели Малдини.

Scroll to Top