Top Sport

Малер за дефанзивецот – Де Шиљо ги скина лигаментите, мора на операција

Јувентус потврдија дека Матија де Шиљо има скинати лигаменти на коленото при 2:1 победата над Лече, што значи дека италијанскиот бек ќе мора да оди на операција.

30-годишниот Де Шиљо се повредди во 33. минута од мечот и во солзи на носилки го напушти теренот, зголемувајќи ја неговата мизерија со повреди оваа сезона, откако пропушти 11 меча на почетокот на сезоната поради повреда на бутниот мускул. Според Јувентус, тој има скинати лигаменти во десното колено и наскоро ќе оди на операција.

Де Шиљо има договор со Јуве до јуни 2025, а оваа сезона има 24 настапи за клубот.

Scroll to Top