Top Sport

Малер за синот на Веа – се врати од повреда, па го скина бутниот мускул!

Американскиот репрезентативец и син на легендарниот Џорџ Веа, 19-годишниот Тимоти Веа дефинитивно нема среќа – само што се врати по шестмесечната пауза поради повреда го скина бутниот мускул!

Тинејџерот во текот на летото си замина од Пари Сен-Жермен, потпишувајќи петгодишен договор со Лил, но во август го повреди мускулот, пред вчера да се врати во тимот како замена во 80. минута при 1:2 поразот од Марсеј. Тој го доврши мечот, по што на Инстаграм потврди дека повторно ќе мора да паузира.

„При враќањето во првиот тим, Тимоти Веа се здоби со скинат мускул во десниот бут. Сега почнува со процесот на рехабилитација и ја има целосната поддршка на сите со тимот“, се вели во соопштението на Лил.

Тимоти Веа е роден во Њујорк и беше дел од американската младинска фудбалска програма и во академијата на Њујорк Ред булс, пред во 2014 како 14-годишник да се пресели во ПСЖ, за кои имаше само шест настапи, поминувајќи половина од минатата сезона како позајмен фудбалер во Селтик, каде што имаше 4 гола во 17 настапи. Неговиот трансфер во Лил чинеше 10 милиони евра.

Scroll to Top