Итан Мбапе, помладиот брат на ѕвездата Килијан Мбапе, потпиша нов младински договор со Пари Сен-Жермен на уште три сезони во исто време кога иднината на неговиот брат е многу неизвесна.
15-годишниот Итан од своите фудбалски почетоци беше дел од младинскиот тим на ПСЖ.
„Горд сум што продолжувам со мојот тим, ПСЖ“, напиша тинејџерот на Инстаграм.
Неговиот брат, 22-годишниот Килијан има само уште една сезона од договорот и околу неговата иднина има многу шпекулации, откако овој месец изјави дека не знае дали ПСЖ е вистинското место за него.
„Не морам да се брзам и треба да ја направам вистинската одлука, што е навистина тешко. Сега сум на место каде што се чувствувам добро, но дали тоа е најдоброто место за мене? Уште го немам одговорот“, изјави Мбапе за „Франс фудбал“.