Фудбалскиот клуб Милан, според очекувањата, ќе му понуди нов договор на голманот Џиџи Донарума. Договорот на талентираниот голман важи до крајот на сезоната.
Милан на Донарума му нуди повеќегодишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона.
Пречка за клупските планови може да биде менаџерот на голманот, Мино Рајола, кој порачал дека Милан ќе мора да му понуди повеќе пари на неговиот клиент.
Не е тајна дека Динарума во своите редови сакаат да го видат големите ривали на Милан, Јувентус и Интер.