Top Sport

Малтешка пресметка – го нокаутираше помошникот судија, па беше уапсен (видео)

Дуел од втората фудбалска лига на Малта беше прекинат откако еден фудбалер на тимот Санат лајонс реши да го нападне помошникот судија.

Бизарниот инцидент се случи во последните минути од саботниот меч помеѓу Санат лајонс и Оратори јутс, кога Антоан Камилери доби втор жолт картон од судијата Масимо Аксиса. Камилери беше лут на одлуката и својот бес го искали на помошникот судија кој му се најде на патот.

18-годишниот судија, кој беше нокаутиран, веднаш беше однесен во болница, додека фудбалерот беше уапсен од локалните полицајци. Тој веднаш доби едногодишна суспензија од фудбалски активности и казна од 100 евра.

Scroll to Top