Top Sport

Малуда го засили шампионот на Луксембург

Поранешниот играч на Челси и француската репрезентација Флоран Малуда на 37-годипна возраст реши да се врати во Европа. Тој потпиша шестмесечен договор со шампионот на Луксембург Диферданж.

Малуда изминатите две и пол години играше во Њу Делфи во Индија и Вади Деллга во Египет. Изминатиот период тој се најде во центарот на вниманието бидејќи ФИФА го казни со два натпревари поради тоа што иако немае право тој настапи на Голд купот за Француска Гвајана.

Најдобрите години во кариерата Малуда ги имаше во Лион и Челси. Со англискиот тим ги освои титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Со Франција играше во финалето на СП во 2006 година.

Scroll to Top