Top Sport

Манчестер јунајтед со 9.6 отсто повеќе приходи

Манчестер јунајтед уште еднаш покажа дека е вистинска „машина за пари“, откако поради враќањето во Лигата на шампионите нивниот приход од ТВ-правата се зголемил 22 отсто во првата половина од 2017/18, за севкупен раст од 9.6 отсто.

Клубот заработи 304.9 милиони фунти во првите шест месеци од 2017/18, пораст од 26.8 милиони фунти (9.6 отсто) во споредба со 2016/17. Порастот доаѓа откако Јунајтед доби 99.7 милиони фунти за ТВ-правата.

Анализата покажува дека враќањето во Лигата на шампионите по освојувањето на Лигата на Европа е главниот „мотор“ за финансискиот раст, бидејќи во истиот период се прикажале два повеќе натпревари на клубот.

„Нашиот солиден бизнис-модел ни дозволува да инвестираме во иднината на клубот со продолжувањето на договорот на Жозе Мурињо како менаџер и со купувањето на Алексис Санчез. Кон остатокот од сезоната гледаме со полна самодоверба“, вели потпретседателот на клубот, Ед Вудвард.

Во овие резултати не се вклучени трошоците за Санчез, бидејќи крајниот рок е на 31 декември.

Scroll to Top