Top Sport

Манчестер јунајтед го купи Ди Марија за да продава повеќе дресови

Анхел ди Марија имаше неуспешна сезона во Манчестер јунајтед, а Дебора Гомес, која во тоа време работела во клубот како преведувач, тврди дека раководството на клубот го реализирало трансферот на Аргентинецот затоа што верувале дека тој ќе биде маркетиншки исплатлив.

Ди Марија во летниот преоден рок во 2014 година од Реал се пресели на „Олд Трафорд“ и го задолжи дресот со бројот 7, кој во минатото го носеле неколку клупски легенди.

Сепак, иако беше еден од најдобрите во Реал, во Ди Марија не успеа да се снајде во Јунајтед и по само една сезона го напушти клубот.

„Многу работи забележав. Имав можност да разговарам со него и можам да кажам дека беше незадоволен. Прво, не можеше да комуницира со соиграчите. Второ, му стана јасно дека клубот не го купил затоа што е добар играч кој може на Јунајтед да му носи титули туку дека тие само сакаат да продаваат дресови. Тоа го слушнав во клубот, луѓето зборуваа за тоа“, изјавила Гомес за бразилските медиуми.

Јунајтед во 2014 потроши рекордни 59,7 милиони фунти за Ди Марија, а тој за една сезона под водство на Луј ван Гал одигра само 32 натпревари. Летото 2015 година Ди Марија замина во Пари Сен Жермен.

Scroll to Top