Top Sport

Манчестер јунајтед испратил понуда за Мегваер

Манчестер јунајтед до Лестер испратил официјална понуда за дефанзивецот Хари Мегваер. Според „Скај спорт“, Манчестер јунајтед за овој фудбалер понудил 65 милиони фунти.

Според истиот извор, Лестер сака да го задржи во своите редови 25-годишникот, додека фудбалерот имал желба да се пресели во „Олд Трафорд“.

Преодниот рок во Англија завршува на 9.август, што значи дека Жозе Мурињо ќе има тешка задача пред себе да го убеди Лестер.

Мегваер, минатото лето од Хал за сума од 17 милиони фунти се пресели во Лестер. Тој на Светското првенство во Русија, беше еден од најдобрите англиски фудбалери.

Scroll to Top