Манчестер јунајтед планираат да се фокусираат на млади фудбалери и на ѕвезди во средните 20-ти години од животот во следните преодни рокови, додека трансфери на поискусни фудбалери како Алексис Санчез и Немања Матиќ ќе останатат во минатото, јавува „ЕСПН“.
Сите очекувања се дека Јунајтед ќе трошат пари во летниот преоден рок со постојан менаџер (Оле Гунар Солскјер како единствен кандидат) во соработка со технички директор, кој уште не е именуван.
Ако се случи ова, тоа ќе претставува враќање на политиката под Сер Алекс Фергусон и поранешниот извршен директор Дејвид Гил во текот на 2000-тите, кога купуваа фудбалери само до 27 години, со Робин ван Перси од Арсенал како исклучок, кој тогаш имаше 29 години.
Но, по заминувањето на Фергусон, Јунајтед платија големи суми (или плати) за фудбалери како Санчез (29), Матиќ (29), Бастијан Швајнштајгер (30) и Златан Ибрахимовиќ (34). Потпретседателот на клубот Ед Вудвард во текот на летото веќе го одби трансферот на 30-годишниот Вилијан од Челси и 29-годишниот Тоби Алдервирелд од Тотенхем. Поради истата причина, Јунајтед нема да го „бркаат“ Герет Бејл, ако тој биде достапен ова лето.