Top Sport

„Манчестер Јунајтед мора да престане да биде арогантен“

Патрис Евра, фудбалер кој во кариерата одиграл 379 натпревар за Манчестер Јунајтед, во видеото кое го објави во два часот по полноќ, ја критикува управата на поранешниот клуб.

Евра има замерки на начинот на кој што работи клубот и како се однесува кон клупските легенди.

„Овој клуб мора да престане да биде арогантен. Таму луѓето воопшто не го ценат Алекс Фергусон. Ние како играчи го почитувавме Боби Чарлтон или Џорџ Бест, луѓе кои ја пишувале клупската историја. Лесно се откажаа од нив. Поради што? Поради парите? Долго време го уриваат угледот на клубот време е навивачите да ја дознаат вистината“, рекол Евра.

„Ед Вудворд им верува на погрешни луѓе, тоа е лошо. Прифаќа совети од луѓе кои не се во клубот и влече погрешни потези. За фудбалери што вреда 20 милиони фунти Јунајтед плаќа и пет пати повеќе, а некои воопшто и не сакаат да дојдат во Јунајтед. Комуникацијата исто така е лоша. Мене ми се јави спортски директор на еден од најголемите европски клубови и ме замоли да му кажам на Мет Џаџ (главниот преговарач на Јунајтед) да му се јави. Тоа е неверојатно“.

Евра од критики не поштедил и некои од поранешните соиграчи.

„Знам дека има поранешни фудбалери кои не сакаат да зборуваат бидејќи се надеваат дека еден ден ќе добијат работа во клубот. Мене тоа не ме интересира. Мене не ми треба Манчестер Јунајтед, јас го сакам клубот“, заклучил Евра.

 

Scroll to Top