Top Sport

Манчестер Јунајтед подготвува 200 милиони евра за Марко Асенсио

Манчестер Јунајтед би можел да го собори клупскиот трансфер рекорд. Според „Дон Балон“ Јунајтед има намера да го реализира трансферот на Марко Асенсио од Реал Мадрид.

Според истиот извор клубот од „Олд Трафорд“ планира на трансферот на 21-годишниот фудбалер да потроши 177 милиони фунти (200 милиони евра).

Доколку трансферот биде реализиран тогаш Јунајтед за решиси 100 милиони евра ќе го собори клупскиот рекорд. Исто така се наведува дека Шпанецот би можел да добие годишна плата од 27 милиони евра.

Scroll to Top