Top Sport

Манчестер јунајтед повторно во игра за Жоао Феликс

Манчестер јунатед се потенцијална дестинација за Жоао Феликс, што би било пристојно решение за Атлетико Мадрид, кои не сметаат на Португалецот, а самиот фудбалер сака да се врати во Премиерлигата по половина сезона на позајмица во Челси, тврди „АБЦ“.

„Ѓаволите“ и претходно беа заинтересирани за 23-годишниот напаѓач, но сега во опција се уште два премиерлигашки клубови, Њукасл и Астон вила, иако тој е заинтересиран за клуб кој игра во Лигата на шампионите. Јунајтед веќе контактирале со неговите претставници, но уште нема формална понуда до Атлетико, кои планираа веќе да го имаат решението за него. Феликс веќе тренира сам, а Диего Симеоне му го одзеде дресот со број 7.

Атлетико исто така бараат околу 100 милиони евра за трансфер на Феликс, во обид да вратат дел од инвестицијата по неговиот трансфер од Бенфика, но по две потпросечни сезони, ова е преголема цена. И покрај ова, Пари Сен-Жермен остануваат први фаворити за неговиот потпис, додека Јунајтед чекаат некоја пониска понуда.

Scroll to Top