Top Sport

Манчестер јунајтед со рекордна заработувачка

Манчестер јунајтед имаше уште една плодна година со огромен скок во заработувачката и покрај тоа што ги зголеми платите на своите играчи за 12 отсто во првите три месеци од сезоната по враќањето во Лигата на шампионите и потпишувањето со тројца играчи.

Јунајтед објави скок во приходите од 17 отсто за 141 милиони фунти во трите месеци до 30 септември во споредба со претходната година. Платите скокнаа за 7.6 милиони фунти за да дојдат на вкупно 69.9 милиони фунти за три месеци по бонусите на играчите за настап во ЛШ и доаѓањето на Ромелу Лукаку, Немања Матиќ и Виктор Линделоф. Јунајтед вкупно даде за плати во 2016/17 неверојатни 263 милиони фунти.

Цифрите продолжуваат да се фасцинантни – парите од ТВ правата се зголемија за 31 отсто за 38.1 милиони фунти, парите од продажбата на билети скокна 33.3 отсто за 22.4 милиони фунти, а приходот од продажба на сувенири и дресови порасна за 8.3 проценти за 80.5 милиони фунти во тие три месеци.

Проценките за 2017/18 се дека Јунајтед ќе има приход од 575 милиони фунти.

„Поминавме само една четвртина од тоа што очекуваме да биде уште една возбудлива сезона. Во Лигата на шампионите имаме четири победи во четири меча, влеговме во четврт-финалето на Лига купот и очекуваме многу добра сезона“, вели потпретседателот на клубот, Ед Вудвард.

Scroll to Top