Top Sport

Манчестер јунајтед влегува во „трката“ за Хадсон-Одои

Манчестер јунајтед планираат да се „натпреваруваат“ со Баерн Минхен да го добијат талентот на Челси Калам Хадсон-Одои.

18-годишниот англиски фудбалер импресионираше оваа сезона, но неговиот договор со „сините“ завршува во 2020 година, а ситуацијата е уште покомпликувана поради забраната за трансфери која го очекува поранешниот англиски шампион.

Челси едноставно ќе мора да го продаде Хадсон-Одои ако тој не се согласи на нов договор во следните неколку месеци, така што сумата од 30 милиони фунти која би ја понудиле Манчестер јунајтед е премала.

За Хадсон-Одои се заинтересирани и Баерн, Борусија Дортмунд и Ливерпул, иако е прашање дали Челси би сакале да засилат некој од своите англиски ривали.

Scroll to Top