Top Sport

Манчестер јунајтед вреди фантастични 4.8 милијарди долари!

Иако фановите се во очај по најлошиот старт на една сезона од Премиер лигата од 1993 година, газдите на Манчестер јунајтед можат да бидат среќни – клубот се израмни со Далас каубојс како највреден спортски клуб на светот со проценета вредност од фантастични 4.8 милијарди долари.

Додека тимот на Жозе Мурињо се мачи со резултатите, на берзата на Њујорк акциите на клубот пораснаа 55 отсто за само една година, и магазинот „Форбс“ оценува дека вредноста на „ѓаволите“ е еднаква со НФЛ гигантот Каубојс. Во текот на 2016/17, Јунајтед има приход од 737 милиони долари (најмногу на светот), а комерцијалниот приход е 354 милиони долари (исто така рекорд). Последните пет години приходот пораснал за 19 отсто.

„Манчестер јунајтед има 659 милиони фанови на светот, од кои 325 милиони во Азија. Ова лето тие склучија прв договор за спонзорство на ракавите на дресовите со американскиот бренд ’Колер’ за 25 милиони долари годишно. Нови договори има со ’Моплеј’, шкотското виски „Чивас“ со што оваа сезона Јунајтед има 23 глобални партнери, 9 регионални партнери, 13 финансиски партнери и 20 медиумски партнери. Покрај тоа, девет од топ 10 најгледани натпревари од Премиeр лигата се мечеви на Јунајтед“, се вели во анализата на магазинот.

Scroll to Top