Top Sport

Манчестер Јунајтед за анонимен тинејџер издвоија 30.000.000 евра

Последниот ден од преодниот рок Манчестер Јунајтед реализира изненадувачки трансфер. Нов играч е 18 годишниот Амад Траоре од Аталанта. „Црвените ѓаволи“ тинејџерот кој одиграл само 24 минути за првиот тим на Аталанта го платија 30.000.000 евра.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Траоре ќе остане во Аталанта, а во Манчестер Јунајтед ќе се пресели во јануари 2021 година.

Траоре е крилен напаѓач, може да игра на двете страни. Интересно тој и понатаму е член на младинскиот тим на Аталанта.

За сениорската екипа настапил 24 минути на три натпревари минатата сезона, во октомври лани успеа да постигне гол против Удинезе.

Scroll to Top