Францускиот фудбалер, Ентони Марсијал, се соочува со жестока казна од својот клуб Манчестер јунајтед. Марсијал минатата недела ги напушти клупските подготовки во САД бидејќи стана татко, но потоа не му се приклучи на тимот.
Исто ака, 22-годишниот фудбалер воопшто не се појавил ниту во тренинг кампот на Манчестер јунајтед во Англија, што дополнително ги налутило менаџерот Жозе Мурињо.
Марсијал се соочува со казна, а според медиумските шпекулации тој ќе биде парично казнет со одземање на две неделни плати, што е околу 180.000 фунти.
Инаку, од почетокот на подготовките, Марсијал изразил желба да замине од Манчестер јунајтед, бидејќи Мурињо не му дава доволно шанса во првиот тим.
Марсијал стана член на клубот од „Олд Трафорд“ во 2015 година, кога пристигна од Монако за 60 милиони фунти.