Еден Азар белгискиот гениалец е еден од оние фудбалери за чија иднина во последно време се почесто се шпекулира. Белгиецот не сака да го продолжи договорот со Челси, не е тајна дека тој има желба еден ден да го облече дресот на Реал, а според англиските медиуми во трката по Азар ќе се вклучи и Манчестер јунајтед.
Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, добро ги знае квалитетите на Азар и според медиумите тој ќе се обиде да „украде“ уште еден играч од својот поранешен клуб. Мурињо е заинтересиран и за Герет Бејл, но доколку може да бидар секако дека Азар е подобра оппција од Велшанецот.
Планот на Реал за Азар е едноставен, во летниот преоден рок Бејл ќе биде продаден (за сума од околу 100 милиони евра), а потоа ќе тргме по Азар, чии квалитети исклучително ги цени тренерот Зинедин Зидан.
Од друга страна ниту Мурињо нема да седи со скрстени раце, од причина што знае дека лесно може да добие играч од Челси.
Челси во летниот преоден рок му го продаде на Манчестер јунајтед Немања Матиќ, а неколку недели претходно од Мурињо го победи Конте за трансферот на Ромелу Лукаку.
Шпекулациите велат дека доколу Јунјатед понуди сум поголема од 100 милиони евра, дека тогаш Челси нема да има нитшо против да му дозволи на Белгиецот да си замине.