Top Sport

Манчестер сити го договориле трансферот на „новиот Меси“

Чекор ги дели Манчестер сити од трансферот на Тијаго Алмада од аргентинскиот Велез. Аргентинските медиуми тврдат дека ова 18 годишно момче ќе биде „новиот Меси“.

„Граѓаните“ подолго време го следеле Алмада, а медиумите тврдат дека сега биле подготвени да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 16 милиони евра.

Клубот на младиот фудбалер му понудил нов договор, во кој клаузулата за откуп би била 25 милиони евра, но Алмада барем засега ја одбил таа можност.

„Однапред сме договорени и само го чекаме неговиот потпис. Клаузулата ќе биде 25 милиони евра“, рекол директорот на Велез, Пабло Каваљеро.

Минатата сезона Алмада настапил на 16 натпревари за Велез, постигнал три гола и забележал две асистенции.

Scroll to Top