Top Sport

Манчестер сити го „спремаат“ Ван Бронкхорст како замена за Гвардиола?

Манчестер сити очигледно почнаа да се подготвуваат за живот и по ерата на Пеп Гвардиола, откако англиските медиуми објавија дека Холанѓанецот Џовани ван Бронкхорст добил „инсајдерска“ улога во клубот.

Гвардиола, кој ја има четвртата сезона на чело на англискиот шампион, има договор со клубот до 2021 година, а ако се смета искуството од Барселона и Баерн Минхен, тој не е човек кој сака да се „заседне“ во еден клуб.

Според „Дејли мирор“, Ван Бронкхорст добил досега „невиден пристап“ до клубот, кој се надева дека Холанѓанецот ќе се навикне на Сити и на работата во таков клуб. Ван Бронкхорст од 2015 до крајот на минатата сезона беше на клупата на Феенорд, клуб со кој освои една лигашка титула во Холандија и две титули од КНВБ купот.

Scroll to Top