Top Sport

Манчестер сити имаат 21 позитивен случај, вклучувајќи го и Пеп!

Менаџерот Пеп Гвардиола е еден од 21-те потврдени позитивни случаи на КОВИД-19 во тимот на Манчестер сити, но мечот од ФА купот против Свиндон во петок нема да биде откажан, потврдија од англискиот шампион.

Според „Сан“, седум од овие случаи се фудбалери кои можеле да бидат во составот за мечот против третолигашот, но Сити веруваат дека и со мешан тим ќе успеат да го поминат колото во најстарото клупско натпреварување на светот. Тимот ќе го предводи тренерот Родолфо Борел.

„Во моментов можеме да составиме тим, но не знам што ќе се случи во следните денови. Ќе играме со тие фудбалери кои се достапни, некои од првиот тим, а некои од младинскиот и од вториот тим“, изјави Борел.

Scroll to Top