Top Sport

Манчестер сити ќе го казнат Кајл Вокер за секс-забавата во „изолација“

Манчестер сити потврдија дека ќе поведат „внатрешна дисциплинска процедура“ против дефанзивецот Кајл Вокер, откако британските таблоиди открија дека тој имал „секс-забава“ со две проститутки неколку часа откако побара навивачите да останат дома поради корона вирусот.

29-годишниот англиски репрезентативец платил 2.200 фунти за двете девојки кои пристигнале во неговиот дом во Чешајр во вторникот, а заминале во среда наутро. Вокер се извини за случката.

„Сакам да ја искористам оваа шанса и јавно да се извинам за работите кои се случија минатата недела. Сфаќам дека со мојата позиција на професионален фудбалер треба да ја имам одговорноста да бидам пример за другите. Затоа сакам да се извинам на моето семејство, на пријателите, на фудбалскиот клуб, на навивачите и на јавноста“, изјави Вокер.

Од Манчестер сити признаа дека почнала дисциплинската постапка.

„Манчестер сити се свесни за приказните во таблоидите околу приватниот живот на Кајл Вокер и прекршувањето на правилата за изолација. Фудбалерите се пример за другите и ние како клуб ги поддржуваме напорите на здравствените власти во борбата со КОВИД-19, а постапките на Кајл се во спротивност на оваа заложба. Ќе започнеме со дисциплинска постапка во следните денови“, се вели во соопштението на Сити.

Scroll to Top