Фудбалерите на англискиот шампион Манчестер сити, како дел од подготвителната тунеја во Азија, го одиграа четвртиот натпревар. „Граѓаните“ според очекувањата забележаа победа 3-1 над Јокохама.
Пеп Гвардиола на теренот испрати респектабилен тим, а надмоќта неговите играчи ја крунисаа со голот на Де Брујне, Пет минути подоцна израмни Ендо, но Сити на полувреме заминаа со предност. Стрелецот на првиот гол му асистираше на Стерлинг за водство 2-1.
Гвардиола изврши голем број на измени во второто полувреме, во кое неговите играчи постигнаа уште еден гол преку Нмеча во 92 минута.