Top Sport

Манчестер сити пред договор со Мануел Аканџи

Манчестер сити се подготвуваат да купат уште еден фудбалер на Борусија Дортмунд, откако по трансферот на Ерлинг Халанд, сега се пред потпис со дефанзивецот Мануел Аканџи, јавуваат повеќе англиски медиуми.

27-годишниот Аканџи, кој помина четири и пол сезони во Дортмунд, има договор со бундеслигашот до крајот на следната сезона и Сити ќе платат само 17.5 милиони евра за неговиот трансфер. Аканџи би бил петто засилување за тимот на Пеп Гвардиола по пристигнувањето на Халанд, Калвин Филипс, Серио Гомез и Стефан Ортега и би бил замена за повредените Ајмерик Лапорт и Нејтан Аке.

Scroll to Top