Top Sport

Манчестер сити сакаат да го „грабнат“ Гави од Барселона

Барселона мора бргу да ја реши иднината на Гави, еден од фудбалерите кои би требало да бидат долгорочна иднина на каталонскиот клуб, откако Манчестер сити се заинтересирани да го земат 17-годишниот талент, тврдат шпанските медиуми.

Според „Марка“, Сити би ја активирале откупната клаузула на Гави, која е на 50 милиони евра, сума која лесно може да си ја дозволат во ситуација во која Барселона уште не му понудила продолжување на договорот.

Гави доби шанса да игра постојано под Чави Ернандез оваа сезона, а исто така доби шанса да влезе во шпанската репрезентација под Луис Енрике. Барселона не можат да му понудат нов договор со поголема клаузула додека не ги намалат платите во клубот, откако имаа проблеми со регистрирањето на новото засилување Феран Торес. Во корист на Барса е тоа што тинејџерот сака да остане на „Ноу Камп“, иако понудата да работи под Пеп Гвардиола е исто така примамлива.

Scroll to Top