Top Sport

Манчестер сити во 2008 ја пропуштил можноста да го потпише Модриќ

Доживотниот претседател на Манчестер сити, Бернард Халфорд, открил дека „граѓаните“ го договориле трансферот на Лука Модриќ пред една деценија за 10 милиони фунти. Договорот сепак не бил реализиран бидејќи во тој период, на Тајланд, му бил замрзнат имотот на тогашниот претседател Таксин Шинаватра.

„Во времето на Шинаватра имавме можност да го донесеме Модриќ. Шинаватра беше возбуден, ми кажа дека ќе добиеме големо засилување. Ведран Чорлука ги среди работите Модриќ да пристигне во Сити, но кога требаше да ги исплатиме парите, властите во Тајлнад му го замрзнаа имотот на Шинаватра. Поради тоа не го добивме Модриќ. И тогаш ни требаа само 10 милиони фунти“, истакнал Халфорд.

Модриќ во 2008 година од Динамо Загреб се пресели во Тотенхем, а четири години подоцна од Лондон замина во Реал Мадрид, каде стана еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција.

Хрватот на Светското првенство беше прогласен за најдобар играч, а неодамна ја доби и наградата за најдобар играч во Лигата на шампионите. Заедно со Роналдо и Салах тој е во конкуренција и за признанието на ФИФА, за играч на годината.

Scroll to Top