Top Sport

Манчини го објави италијанскиот список, но не за Светското првенство

Додека голем број на фудбалери се во исчекување дали ќе бидат дел од тимовите кои ќе играат на Мундијалот во Катар, италијанскиот селектор Роберто Манчини го објави списокот на 31 фудбалер за пријатеските мечеви против Албанија и Австрија.

„Аѕурите“, секако, не успеаја да се пласираат на СП откако загубија од Македонија во Палермо со 0:1 во полуфиналето од баражот, така што на Манчини му останува само да продолжи со подмладување на составот. Италија игра со Албанија на 16 ноември, а на 20 ноември гостува кај Австрија.

Младит фудбалери на Јувентус, Николо Фаџоли и Фабио Мирети добиваат место во тимот, Николо Ѕаниоло се враќа по подолгата пауза, а прв повик доби и 16-годишниот талент на Удинезе, Симоне Пафунди.

Scroll to Top