Роберто Манчини се врати во Италија, но ги отфрли шпекулациите дека е првиот фаворит за преземањето на италијанската селекторска функција.
Манчини има договор со рускиот Зенит, но тоа не им пречеше на италијанските медиуми да го фаворизираат како замена за Џампјеро Вентура, а се верува дека тој е фаворит и на новите комесари на федерацијата, Роберто Фабричини и Алесандро Костакурта.
Манчио е во Италија на тренинг-камп со Зенит Санкт Петербург и вели дека е фокусиран на работата со својот клуб.
„Имам договор со Зенит, така што сигурно нема да се среќавам со луѓето од италијанската федерација. Сите се фокусираме на Лигата на Европа и тоа ни е главната цел“, изјави Манчини.
Зенит загуби со 1:0 од Селтик во првиот меч од Лигата на Европа во четвртокот.