Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини, смета дека Маурицио Покетино и Јирген Клоп не би можеле да работат толку долго во Италија без да освојат трофеј, како што е тоа случајот во Англија.
Покетино е во Тотенехем од 2014 година, а Клоп е во Ливерпул од 2015 година. Иако немаат освоено ниту еден трофеј, клупските челници имаат голема доверба во нивната работа.
„Имаат среќа што работат во Англија. Во Италија без освоен трофеј не би можеле да работат толку долго. Кај нас работите ги преувеличуваат. Погледнете го Покетино, пет години е во Тотенхем, има одличен тим, а не освоил ништо. Во Италија досега ќе го „убиеја“. Истото важи и за Клоп“, рекол Манчини кој во 2012 година ја освои Премиер лигата со Манчестер сити.